Мбапе ја најде вистинската брзина, погледнете како ја прелета одбраната на Стразбур (Видео)

Килијан Мбапе повторно игра во препознатлив стил, по бледиот настап за Франција на Европското првенство, а вечерва беше главниот адут на Пари Сен Жермен во победата против Стразбур од 4:2.

Мбапе имаше и малку среќа при постигнувањето на вториот гол за ПСЖ, откако топката удри во Лудовик Ајорже и влезе во мрежата на гостите.

Килијан сепак потоа потврди дека се враќа во топ-форма со неверојатната акција во 86. минута, кога си поигра со одбраната на Стразбур и како на тацна го послужи Пабло Сарабија за последниот гол на мечот и победа од 4:2 на ПСЖ.

Сега сите во ПСЖ со нетрпение го очекуваат дебито на големото засилување Лионел Меси, а секако дебито го чека и Серхио Рамос во новиот фудбалски дрим-тим од Париз.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести