Мбапе ја растури Барселона, награда му се два нови рекорди

Килијан Мбапе ја растури Барселона во двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите и урна два рекорди.

Францускиот ас беше незадржлив, особено на првиот меч на „Камп Ноу“ кога имаше феноменално шоу зачинето со хет-трик, а и вчера беше стрелец на еден гол во реваншот во Париз, со што стана единствениот фудбалер, кој и дал четири гола во двомеч на Барселона во Лигата на шампионите.

Со вкупен резултат од 5:2, Пари Сен Жермен ја елиминира Барселона, а Мбапе во една категорија го детронизира Лионел Меси и стана рекордер.

Со 22 години и 80 дена Килијан е најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите што успеал да постигне 25 голови. До вчера рекордот го држеше Меси со 22 години и 286 дена,  а во топ-5 се и Раул Гонзалес, Карим Бензема и Тјери Анри.

 

 

- Оглас -

Најнови вести