Мбапе, Меси и неверојатен автогол му донесоа победа на ПСЖ (ВИДЕО)

Екипта на Пари Сен Жермен со 3:1 славеше против Нант во рамките на 14. коло од француската Лига 1.

Домашниот тим, многу потешко од очекувањата дојде до трите бода, и тоа со головите на Килијан Мбапе во втората и Лионел Меси во 87. минута.

Во меѓувреме, гостите израмнија на 1:1 во 76. минута преку Коло Муани, а претходно Парижаните останаа со играч помалку, откако голманот Кејлор Навас доби директен црвен картон.

Сепак, победата практично им ја обезбеди Денис Апија, дефанзивец на гостите кој во 82. минута постигна ретко виден автогол.

Погледнете за што станува збор.

 

И погодокот на Лео Меси е навистина убав и вреди да се погледне.

- Оглас -

Најнови вести