Мбапе не дозволи ново реми на ПСЖ

ПСЖ стигна до 23-та победа во францускиот шампионат со триумфот од 2-1 на гости кај Каен. Килијан Мбапе повторно се најде во главна улога, не дозволи нов кикс на „светците“ и со два гола ја продолжи серија на францускиот првак на пет последователни победи.

Нинга му донесе предност на Каен во 56-тата минута, но само три минути подоцна ПСЖ доби пенал кој го реализираше Мбапе. Брзоногиот Французин до вториот погодок стигна во 87-та минута, и се зацврсти на листата стрелци во шампионатот со 24 погодоци сезонава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести