Мбапе не е единствената ѕвезда која ќе дојде во Реал Мадрид наредното лето

И премногу тивок беше Реал Мадрид во последните години на трансфер пазарот.

Но, очигледно е дека Флорентино Перез наредното лето ќе ги направи својот им уште позвезден, бидејќи речиси е сигурно доаѓањето на Килијан Мбапе и тоа за беспари од ПСЖ.

Сепак, претседателот на кралскиот клуб не планира да прекине тука, бидејќи според голем број шпански медиуми, тој спрема атак со сите сили на Ерлинг Халанд.

Фантастичниот Норвежанец кој дава голови како од шега, ќе биде едно од многуте засилувања претстојното лето.

Сепак, приоритетна цел е обезбедувањето на трансфер на Мбапе, а потоа раководството на Реал ќе започне преговори со Борусија Дортминд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести