Мбапе не ги заборави најзагрозените – Донираше пари во фондацијата „Аби Пјер“

Килијан Мбапе донираше голема сума пари за помош на најзагрозените категории на луѓе во Франција, а средствата се префрлени во фондацијата „Аби Пјер“.

По критиките дека милионерите од ПСЖ слабо се покажаа со донации во кризните времиња, реагираше една од најголемите фудбалски ѕвезди на планетата, а сумата во договор со Фондацијата не е објавена.

Мбапе е играчот што го има вториот најскап тренсфер на сите времиња, што тежи околу 180 милиони евра, при преминот од Монако во ПСЖ во август 2017 година, најпрво како позајмен играч, а потоа следното лето шампионот на Франција плати 145 милиони евра, плус предвидени 35 милиони евра како бонуси.

Поскап трансфер од Мбапе има само неговиот соиграч Нејмар, кога од Барселона се пресели во ПСЖ за 220 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести