Мбапе не сака да биде ниту најплатен играч во ПСЖ

ПСЖ полека се помирува со фактот дека Килијан Мбапе по крајот на сезоната ќе го напушти францускиот првак, откако по четврти пат одби да го продолжи договорот. Мбапе не сака да биде најплатен играч меѓу Светците, ниту 40 милиони евра годишно не се доволни да го предомислат, што е за шест милиони евра повеќе од платата на Нејмар.

Јасна е причината што младата француска ѕвезда не сака да стави потпис на новата соработка, очекува на лето да се пресели во редовите на Реал Мадрид. Тоа е негова желба и и ништо нема да го спречи да си ја исполни.

Порано или подоцна Мбапе ќе биде новиот Галактико, ако се знае дека во летото 2022 година му завршува договорот со ПСЖ, доколку не се постигне договор со Реал околу трансфер во наредните месеци. Што се однесува до Кралевите, тие би го чекале Мбапе уште една сезона, но доколку се најдат средства, најмалку 150 милиони евра, Мбапе ќе го облече белиот дрес во најскоро можно време.

Најдобриот играч на Парижаните сезонава, вчера се здоби со повреда на коленото откако ја обезбеди победата против Мец, но се очекува Мбапе да биде подготвен за првото полуфинале против Манчестер сити во ЛШ, кое е закажано за среда.

- Оглас -

Најнови вести