Мбапе не се плаши од Ал-Келаифи, повторно јавно покажа дека ултиматумот не му значи ништо

Килијан Мбапе денеска повторно изјави дека и во следната сезона ќе настапува за ПСЖ и дека нема да потпише нов договор со францускиот шампион. Притоа Мбапе нагласи дека нема шанси летово да потпише нов договор и дека за неговата иднина ќе размислува идното лето, кога ќе му заврши договорот со Светците.

„Останувам во ПСЖ и следната сезона. Одлуката за иднината ќе ја донесам во 2024 година. Многу работи можат да се променат за една година кога станува збор за клуб каков што е ПСЖ“, изјави денеска Мбапе за Телефут.

Овие зборови се целосно спротивни на тоа што го изјави претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи, кој му постави ултиматум на Мбапе, или ќе потпише нов договор или летово ќе биде продаден.

Желбата на напаѓачот е кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, но нема намера да се откаже од 150-те милиони евра за следната сезона кои му следуваат плата и бонуси.
Реал Мадрид пак, нема намера да плати 200 милиони евра отштета колку што бара Ал-Келаифи за трансферот на Мбапе, но нема да биде изненадување доколку до крајот на летниот преоден рок, напаѓачот сепак го облече Кралскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести