Мбапе, Нејмар и Меси може да сонуваат за рекордот што Паје го постави во Франција

Олимпик Марсеј беше шокиран на домашен терен и загуби со 1:2 од Ајачио во меч на кој беше поставен еден рекорд за памтење. Капитенот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје даде гол со кој се зашиша во историјата на францускиот фудбал.

Паје стана првиот фудбалер во 92-годишната историја на француското првенство што успеал да постигне барем 100 погодоци и да има троцифрен број на асистенции. Паје имаше 128 асистенции, а со вчерашниот гол стигна до јубилејни 100 погодоци.

Легендарниот фудбалер во Франција, во дресот на Олимпик Марсеј има 58 голови и 75 асистенции, а има играно и за Сент Етјен (19 голови и 24 асистенци), Лил (18 голови и 26 асистенции), како и за Нант (5 голови и три асистенции).

- Оглас -

Најнови вести