Мбапе: Сакам да ни падне Атлетико во осминафинале, така нема да патуваме

Утре ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, а уште од сега е јасно дека ќе има неколку дуели кои ќе предизвикаат големо внимание.

На пример: Пари Сен Жермен ќе се сретне со Ливерпул или Барселона, Реал Мадрид ќе игра со Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен, па ќе имаме или градско дерби или пресметка на шпанскиот и германскиот шампион, а можно е и германско дерби на Берн Минхен против Баер Леверкузен.

Интер, кој остана да ја брани честа на италијанскиот фудбал, за ривал ќе добие тим од Холандија, а Милан и Јуве не си поминаа добро со Феенорд и ПСВ. Можни ривали на Феенорд и ПСВ им се Интер и Арсенал. Бенфика, како и ПСЖ, оди или на Ливерпул или на Барса, малку „полабаво“ ќе биде за Клуб Бриж и Борусија Дортмунд, на кои може да се паднат Лил или Астон вила.

Најнезгодно е за ПСЖ и Атлетико. Парижаните ќе се судрат со Барса или Ливерпул, а Јорганџиите со Реал или Баерн.

Килијан Мбапе, кој синоќа со хет-трик го потопи Манчестер сити и беше ѕвезда на вечерта, посака неговиот Реал Мадрид да игра со Атлетико.

„Атлетико или Леверкузен? Подобро Атлетико, така нема да патуваме, хахаха“, рече низ насмевка Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести