Мбапе влезе во историјата на францускиот фудбал, а го надмина и Феноменот Роналдо

Килијан Мбапе блесна со два гола за Реал Мадрид во победата над Виљареал од 1-2 во 28-то коло од Ла Лига, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најдобрите француски напаѓачи во историјата.

На 26-годишна возраст, тој стана првиот француски фудбалер кој постигнал најмалку 30 голови во шест последовни сезони. Неговата серија започна во сезоната 2019/20 со 30 погодоци, потоа следуваа 42 во 2020/21, 39 во 2021/22, 41 во 2022/23, а оваа сезона (2023/24) веќе достигна 45 голови.

Истовремено, Мбапе успеа да го собори рекордот на Роналдо Назарио – Феноменот од Бразил. Французинот постигна 31 гол во својата дебитантска сезона за Реал Мадрид, надминувајќи го Бразилецот, кој во својата прва кампања запиша 30 голови.

Во оваа категорија пред него остануваат само тројца играчи – Иван Заморано (37 голови во 1992/93), Кристијано Роналдо (33 во 2009/10) и Руд ван Нистелрој (33 во 2006/07). За да стане рекордер, на Мбапе му недостигаат уште 7 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести