4206 Велес Сарсфилд – Ланус (23:15 ч.)
Меч од аргентинското првенство каде што Велес Сарсфилд е лидер со 43 бода, додека Ланус е дури на 19-тото место. Велес Сарсфилд ја има најдобрата одбрана само со 15 примени гола во 22 средби, а кога игра на домашен терен, овој тим е речиси перфектен и е со биланс од осум победи и две нерешени без пораз.
На девет од последните 10 меча Велес игра со максимум два погодока на натпревар. Ланус на гости сезонава има само една победа во 10 меча и има постигнато само осум погодоци.
Предлог тип: 1&0-3 (2.22)
3524 Ноа – Арарат (15 ч.)
Ноа е најдобриот тим во Ерменија кој сезонава игра дури и во групната фаза од Конференциската лига на Европа. Во домашното првенство нареди пет победи по ред, и тоа најчесто се убедливи.
Арарат е сосема во спротивна форма и има седум порази и само едно реми во последните осум кола, а на седум од тие средби нема постигнато ниту еден погодок.
Предлог тип: 1-1&4+ (3.50)
4790 Насионал Асунсион – Гуарини (23:30 ч.)
Полуфинале на Купот во Парагвај меѓу два тима кои се со израмнет квалитет, што покажува и табелата во првенството, на која двете екипи имаат по 31 бод.
Одбраната е поквалитетниот дел кај двете екипи кога играат меѓу себе, традицијата вели дека е возбудливо и со погодоци, па на 10 од последните 11 средби имало најмалку два погодока.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)
1311 Елдесе – Уеска (20 ч.)
Две екипи кои се во вториот дел од табелата во шпанската втора лига. Минатата сезона кога играа меѓу себе, на двата меча вкупно имаше само еден гол, што само е најава дека ќе биде без многу возбудувања.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.63)
5241 МK Алжир – Белуиздад (20 ч.)
Одлично започна МК Алжир во првенството на Алжир и во осум меча нема ниту еден пораз и е на делба на првото место на табелата. Овој тим има примено само три гола, што и воопшто не е чудно затоа што во овој шампионат головите се вистинска реткост.
Белуиздад е на претпоследното, 15-то место на табелата, а во седум меча има гол-разлика од четири дадени и четири примени гола. Во последните шест меча на овие два тима, дури четирипати било 0:0, а двапати Белуиздад славел со 1:0.
Предлог тип: 0:0 точен резултат (5.15)