Мечот на Аргентина почнува, а Меси на клупа за резерви, не се случувало тоа често (Фото)

Ретки се случаите кога Лионел Меси на важен меч не е стартер во аргентинската репрезентација, туку резерва, но тоа се случи синоќа против Уругвај.

Суперѕвездата играше 15-тина минути, во игра влезе во 76-та минута, а ова е вкупно 15-ти пат (првпат во последните пет години) во кариерата тој да биде на клупата за резерви на почетокот на еден меч на Гаучосите.

Од клубот на Меси, ПСЖ, се лутат што повредениот Меси не играше за нивниот клуб на последните два меча, а игра за националниот тим, но Аргентинците не го штедат Лео, и има најави дека можеби ќе биде и стартер на дербито со Бразил.

- Оглас -

Најнови вести