Мечот за кој никој во Италија не верува дека ќе биде РЕГУЛАРЕН

Мечот кој е главен во последното коло во Серија А ќе се игра вечерва во Џенова. Домашниот тим ќе игра против Верона, а во Италија на големо се зборува дека домаќинот уште од сега се знае дека ќе биде победник.

Верона нема речиси никаков мотив за игра, додека Џенова мора да победи за да обезбеди опстанок во Серија А. Лече е ривалот на Џенова за позицијата која носи спас, но Лече дури и да победи против Парма, нема да има шанса да остане во елитата доколку Џенова ги освои трите бода.

На клупата на Верона е Иван Јуриќ, тренер кој претходно три пати беше предводник на Џенова. Хрватскиот стратег ја водеше Џенова од 2016 до 2018 година во три посебни случаи. Јуриќ уверува дека нема да му попушти на својот поранешен тим.

„Нема да играме со младинците. Сакаме фер меч и ќе влеземе целосно подготвени“, вели Јуриќ.

Сепак, не е само Јуриќ во поврзаност со Џенова. Напаѓачот на Верона Мигуел Велосо е оженет со ќерката на претседателот на Џенова. Пред да дојде во Верона, Велосо претходните три сезони ги одигра во дресот на Џенова, а беше член на овој тим и во периодот од 2010 до 2012 година. И покрај оваа поврзаност, Јуриќ вели дека ќе биде фер меч.

„Разочаран сум заради тоа што поединци го зборат. Ме нервира тоа што го зборуваат. Вистина е дека сум поранешен тренер на Џенова, вистина е дека Велосо е оженет со ќерката на претседателот на Џенова, но сите ние сме професионалци“, уверува Јуриќ.

Во нападот на Џенова ќе биде капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев кој е прв стрелец на Џенова сезонава со девет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести