Меџик Џонсон влезе во клубот на милијардерите

Легендарниот НБА-кошаркар Ирвин Меџик Џонсон е последната спортска личност која стана милијардер според магазинот „Форбс“. Магазинот богатството на Меџик го процени на околу 1,2 милијарда долари.

Меџик Џонсон стана четвртиот спортист кој стана член на клубот милијардери во кој се наоѓаат уште и Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.

https://twitter.com/LegionHoops/status/1718739129696194957

Тој целата играчка кариера ја помина во еден тим, ЛА лејкерс (1979-1996), и притоа освои пет шампионски титули, а по трипати беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезонава и во финалињата. Според „Форбс“, Меџик за време на кошаркарската кариера заработи околу 40 милиони долари, додека милијардер стана благодарение на одличните бизнис-потези.

Меџик има акции во голем број компании, меѓу кои се и „Старбакс“, „Бургер кинг“, а е еден од сопствениците на бејзбол тимот ЛА доџерс.

- Оглас -

Најнови вести