24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Медисон од Лестер имаше „модерна“ корона прослава на голот (Видео)

Фудбалерот на Лестер, Џејмс Медисон, откако го постигна првиот гол во победата на Лисиците над Саутхемптон од 2-0, имаше интересна прослава на голот, поздравувајќи се и честитајќи си со воздухот.

После погодокот, соиграчите му пријдоа на Медисон, но тој им даде знак да не му се доближуваат и да држат дистанца, бидејќи тој имаше подготвено „кореографија“ со преправање дека слави заедно со колегите. На овој начин, Медисон одговори кон сите правила и забрани за прегрнување и ракување. Ретко кој тим при прославите на гол ги почитува забраните.

https://www.youtube.com/watch?v=M8RFX7faULU

- Оглас -

Најнови вести