Медицинска сестра обвинува: Марадона ја повредил главата една седмица пред да почине, никој не му помогнал

Медицинската сестра Дајана Жизела Мадрид, која беше дел од тимот што се грижел за здравјето на Диего Армандо Марадона, сведочи дека легендата на светскиот фудбал не бил соодветно третиран, особено откако доживеал тежок пад при кој си ја повредил главата една седмица пред да почине.

„Марадона паднал една недела пред да почине и, за жал, никој не го однел на третман и на снимање. Можеле да му направат прегледи на МРИ и на томографија, но тоа не било сторено“, е дел од сведочењето на Мадрид, што го пренесе за медиумите нејзиниот адвокат Родолфо Баке.

Истрагата за смртта на Марадона, кој почина од срцев удар на 25 ноември, најавува дека имало сериозни пропусти во текот на медицинскиот третман на фудбалската легенда.

Под истрага е и неврохирургот Леополд Луке, кој го оперираше Марадона, со цел да го сопре крварењето на мозокот, што било инцијална каписла за срцевиот удар од кој почина Аргентинецот на 60-годишна возраст.

 

- Оглас -

Најнови вести