Медицинските тимови на Ватфорд и Тотенхем се вистински херои: Водат голема битка да го спасат животот на навивач (ФОТО)

Натпреварот меѓу Вотфорд и Тотенхем заврши со резултат 0:1, но, се случуваше вистинска драма пред самиот крај.

Во 87-та минута, медицинските тимови на двата тима мораа да интервенираа на трибините откако навивач имаше потреба од медицинска помош.

Засега не е точно познато што точно се случуваше, но, најважната вест е тоа дека навивачот е во добра здравствена состојба.

Ова е втор натпревар за Тотенхем каде што вовопериод од неколку недели е потребна медицинска помош на трибините.

Голот за гостите, а воедно и победата ја донесе Давидсон Санчез во 96-та минута. Со тоа, Тотенхем стигна до бројката од 33 бода.

- Оглас -

Најнови вести