Медо го преслуша Кирјос, сензационалната победничка на САД опен испадна од Црногорка

Денешниот ден почна одлично за црногорскиот спорт, победата на Данка Ковиниќ над Ема Радукану на Австралијан опен од 6-4, 4-6, 6-3, може да биде потстрек и за ракометарите на Црна Гора кои од 15.30 играат против Хрватска.

Радукану која пред неколку месеци ги освои срцата на љубителите на спортот низ светот и беше сензационална победничка на САД опен, во Мелбурн, својот пат го заврши уште во второто коло. За Ковиниќ, ова е победа на кариерата, таа првпат ќе игра во трето коло на еден грен-слем. Во следната рунда, Ковиниќ ќе игра со Симона Халеп или Маја Хадад.

На машкиот дел од турнирот, првиот фаворит Данил Медведев, со 3-1 во сетови го елиминираше австралискиот тенисер Ник Кирјос. Во третото коло, популарниот Медо ќе игра со Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп. Доколку Медведев го освои турнирот, ќе избие на прво место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести