Медо најдобар меѓу најдобрите, со пресврт го доби финалето

Рускиот тенисер Данил Медведев го освои завршниот АТП-Мастерс во Лондон откако вечерва во финалето го совлада Доминик Тим со 4-6, 7-6, 6-4. Медведев заслужено ја освои титулата бидејќи за време на турнирот успеа да ги совлада првите тројца носители: Ѓоковиќ, Надал и Тим.

За 24-годишниот Медведев ова е најзначајна титула во кариерата. Тој има серија од седум победи по ред, сите против играчи од Топ 10 на светската ранг-листа, а стана и првиот кој ги победил Новак, Рафа и третиот фаворит на завршен Мастерс. Минатата година дебитираше на завршните Мастерси без победа, а годинава ги совлада сите ривали.

Австриецот Тим имаше серија од 21 победа по ред во мечеви на кои поведуваше со 1-0 во сетови, но денеска почувствува како е да се загуби на крај по водство од 1-0. Медведев и во полуфиналето против Надал губеше, но направи пресврт.

- Оглас -

Најнови вести