Медведев го победи Зверев и прв обезбеди полуфинале на завршниот Мастерс во Торино

Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот полуфиналист на завршниот АТП Мастерс турнир во Торино откако во второто коло од групната фаза го совлада Александер Зверев со 2-0.

Првиот сет му припадна на Медведев, откако во тај-брејкот беше поуспешен со 9-7 на поени, а претходно успеа да спаси и две сет топки на Зверев. Во вториот сет на русинот му беше доволен еден брејк, кој се случи во последниот, 10-ти гејм, за максимални две победи на два натпревари во Торино.

Во последното коло Медведев игра против Алкарас и со победа ќе го обезбеди првото место во групата, но пораз за Алкарас најверојатно ќе значи и елиминација од турнирот.

- Оглас -

Најнови вести