Медведев го презема второто место на АТП листата од Надал!

Рускиот тенисер Данил Медведев, триумфираше на турнирот во Марсеј, и од утре го презема второто место на АТП листата, и ќе го симне Рафаел Надал на трета позиција. Ова е голем успех за популарниот Медо кој стана прв тенисер по Лејтон Хјуит од јули 2005 година наваму да бил второрангиран, а да не е Новак Ѓоковиќ, Надал, Роџер Федерер, или Енди Мареј.

Во финалето во Марсеј, Медведев го победи Французинот Пјер Иг Ербер со 6-4, 6-7, 6-4. За московскиот тенисер, ова е десетти освоен турнир во кариерата, а четврти во сала на тврда подлога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести