Медведев: Најголем предизвик во тенисот е да го победиш Надал на земја

Петторангираниот тенисер на светската ранг-листа, Данил Медведев, изјави дека според него, бесценето е да го победиш Рафаел Надал на земјена подлога, и нема ништо позначајно од тоа.

Популарниот Рафа е познат како „крал на земјата” поради исклучителните резултати на таа подлога. Надал има дури 59 титули на црвеница и затоа Русинот посакува да го победи Надал на „негов терен“.

„Надал е феноменален на земја, на таа подлога нема кој да го победи. Погледнете му ги процентите на успешност, тој е фаворит на сите турнири на земја. И на Ролан Гарос годинава Надал е апсолутен фаворит. Повредите се дел од спортот и може да се појават во секој момент, јас им се восхитувам на тие што добро се борат со тоа. Би сакал да се обидам да го победам Надал на земја”, вели Медведев.

- Оглас -

Најнови вести