Медведев не знае за стоп – Шесто последователно финале

Данил Медведев е првиот финалист на АТП турнирот во Шангај откако го совлада Стефанос Циципас со 2-0 во сетови (7-6, 7-5). Рускиот тенисер оствари уште еден успех во 2019 година, се пласира во шестото финале во исто толку последователни турнири на кои настапи.

Двајцата тенисери приредија доста интересен и неизвесен натпревар. Никој не можеше да преземе контрола врз мечот, па без ниту еден брејк стигнаа да го одлучуваат сетот во тајбрејк, кој Медведев го доби со 7-5. Слично се случуваше и во остатокот од средбата, само што Медведев овојпат успеа да му одземе гем при сервис на Циципас, а овој возврати за 5-5. Меѓутоа, расположениот Медведев имаше сили да ги разреши дилемите, па откако дојде до вториот брејк, се најде во позиција да сервира за победа и без загубен поен ја искористи првата меч-топка.

Медведев ќе го чека подобриот од дуелот Беретини – Зверев за да го дознае противникот во финалето во Шангај.  Пред овој пласман, Медведев играше финале во Санкт Петербург каде што славеше со 2-0 над Чориќ, претходно загуби од Надал за титулата на ОП на САД. Во Синсинати беше подобар од Гофан со 2-0, а финалињата во Монтреал и Вашингтон ги загуби од Кирјос и уште еднаш Надал.

- Оглас -

Најнови вести