Медведев само за 74 минути и со загубени само два гема се пласира во второто коло

Шампионот на Отвореното првенство на САД од 2021 година, Данил Медведев, експресно се пласира во второто коло на последниот годинешен гренслем кој се игра во Њујорк. Медведев само за 74 минути и само со два загубени гема го победи Унгарецот Балаж со 6:1, 6:1, 6:0.

Медведев во следното коло ќе игра против од подобриот од мечот меѓу О’Конел и Пурсел.

Работата во три сета ја заврши и Италијанецот Матео Беретини во дуелот со Иго Умбер (6:4,6:2,6:2). Победа во три сета остварија и Александер Зверев против Вукиќ, Микелсен против Рамос, додека изненадување претставува елиминацијата на Карен Хачанов, кој е поразен со 6:2,6:4,6:2 од Американецот Ммох.

Во женска конкуренција, Онс Жабер со 7:5,7:6 ја совлада Осорио, Самсонова со 7:6,6:3 беше подобра од Лиу, Кис беше подобра од Рус (6:2,6:4), Мартиќ од Марија (6:2,6:1), како и Вондрушова од Хан (6:3,6:0).

- Оглас -

Најнови вести