Медведев сефте во третата рунда на Ролан Гарос (видео)

Данил Медведев се пласира во третото коло на Ролан Гарос по триумфот со 3-1 во сетови (3-6, 6-1, 6-4, 6-3) над Томи Пол. Вториот светски рекет за првпат во својата кариера стигна до оваа фаза на Отвореното првество во Франција, откако во изминатите четири изданија губеше на самиот старт од натпреварувањето.

Вечерва Русинот мораше да се вади од негатива по првиот сет иако спаси три сет-топки, па Медведев го крена нивото и ги освои наредните три сета на доминантен начин. За пласман во осминафиналето, Медведев ќе се соочи со 35-торангираниот Рајли Опелка.

- Оглас -

Најнови вести