Медведев: Што правиш човеку, кога планираш да успориш?

Новак Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев во финалето на Отвореното првенство на САД во три сета и му се реваншира на рускиот тенисер за поразот од пред две години.

По мечот, Медведев имаше интересно прашање за Ѓоковиќ со кое ги насмеа фановите.

„Сакам да го прашам Новак: Што правиш човеку? Ова е наше трето финале, се надевам дека не е последно и посакувам да ги има уште многу. Кога планираш да успориш човеку? Јас имам еден гренслем-трофеј, а ти веќе 24. Секоја чест за тебе и за твојот тим“, порача Медведев.

- Оглас -

Најнови вести