Медведев со порака до Ѓоковиќ пред финалето во Мелбурн

Данил Медведев без многу проблеми со 3:0 во сетови го победи Стефанос Циципас и се пласира во финалето на Отвореното првенство на Австралија. Русинот одигра одличен меч и само еднаш го загуби својот сервис, па на крајот славеше со 6:4, 6:2, 7:5. Медведев беше тенисерот кој Ѓоковиќ сигурно најмалку го очекуваше за ривал, затоа што во последните четири меча Србинот има само една победа. Сепак, ако се гледа вкупниот биланс, Ноле води со 4:3, а ова ќе биде нивен осуми меч.

По пласманот во финалето, Медведев порача дека в недела ќе ужива во мечот за титулата.

„Немам притисок. Ќе играм против тенисер кој по деветти пат е дел од финалето во Мелбурн. Јас ќе се потрудам да излезам на теренот и да одиграм најдобро што можам. Се надевам дека ќе играм добро. За мене ова ќе биде уште едно големо искуство“, рече Медведев.

Финалето се игра в недела ,со почеток во 9:30 часот по македонско време.

 

- Оглас -

Најнови вести