Медведев со уште едно финале потврди дека доминира на завршниот Мастерс

Данил Медведев се пласираше во финалето на завршниот тениски Мастерс турнир во Торино, откако без многу проблеми со 6:4, 6:2 славеше над Каспер Руд. Русинот е актуелен бранител на трофејот на Мастерсот кој според вредноста е веднаш зад четирите Гренд слем турнири.

Во првиот сет, Медведев брз направи брејк и поведе со 3:1 во гејмови, па го доби првито сет со 6:4. Во вториот сет, фаворитот уште полесно го скрши отпорот на противникот, па вториот сет го доби со 6:2.

Во финалето, Медведев  ќе го чека подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Александер Зверев.

- Оглас -

Најнови вести