Медведев станува незгоден ривал за Ѓоковиќ (Видео)

Данил Медведев станува незгоден ривал за Новак Ѓоковиќ и по триумфот ноќеска во полуфиналето на АТП турнирот во Синсинати води со 2:1 годинава против најдобриот светски тенисер.

Рускиот тенисер успеа да приреди редок подвиг, кога од спротивната страна како противник е Ѓоковиќ и направи пресврт за триумф од 2:1.

Новак го доби првиот сет со 6:3, но потоа на двапати бараше помош од медицинскиот тим во паузите, па го загуби вториот сет со идентични 6:3.

Медведев продолжи да игра брилијантно, а на извонреден начин со потег на мечот го доби и третиот сет со 6:3 за конелна победа од 2:1. За него ова е второ финале по ред на турнири од Мастерс серијата 1000, откако минатата недела во Монтреал загуби од Рафаел Надал со 0:2 во сетови.

За титулата во Синсинати Медведев ќе игра против дебитантот во финалињата на турнири од Мастерс серијата, Давид Гофан. Белгиецот вчера го победи Ришар Гаске со 6:3, 6:4.

- Оглас -

Најнови вести