Медведев загуби, па париската публика ја „почести“ со покажување среден прст! (Видео)

По синоќешниот шокантен пораз на вториот носител Карлос Алкарас, денеска испадна и третиот носител на Мастерсот во Париз, Данил Медведев.

Русинот беше совладан од Бугаринот Григор Димитров со 3-6, 7-6, 6-7, а популарниот Медо ги загуби нервите и тоа придонесе за поразот. Медведев се караше со судијата, а и со навивачите кои беа против него.

Врвот го достигна по мечот, кога при напуштањето на теренот, пред да влезе во соблекувална, Медведев најпрвин се преправаше дека си ги проверува ноктите на прстите од рацете и почна да ги истакнува средните прсти вртејќи ги кон публиката.

Погледнете ТУКА како Медведев ја поздрави публиката при заминувањeто кон соблекувална.

„Среден прст? Не. Си ги гледав ноктите. Зошто би покажал среден прст на оваа прекрасна париска публика“, саркастичен беше Медведев по мечот.

- Оглас -

Најнови вести