Мега хит: Беше арогантен кон ривалите и се фалеше како да е Роналдо, а тимот му загуби со 0-3 (Видео)

Општо познато е дека во пониските фудбалски рангови има повеќе занимливости, а тоа го потврдува и случајот од увертирата пред мечот Раднички Сремска Митровица – Дубочица од Првата лига на Србија.

Фудбалерот на Дубочица, 18-годишниот Ненад Качар, „пукаше“ од самодоверба пред мечот, звучеше потценувачки кон ривалите и неговата изјава стана хит.

„Тие се послаба екипа од нас, се засилија малку со некои играчи, но тоа не се играчи. На претходниот натпревар ни фалеше завршница, сега јас сум тука, одиме на три бода“, рече Качар.

Оваа изјава ги мотивираше противниците, па Раднички победи со 3-0, а фалбаџијата Качар излезе од игра уште на полувреме. На потешкиот начин научи дека не треба така да се однесува и дека мора да внимава што зборува во јавност.

Видеото стана инстант хит низ балканските простори, особено сега, откако се знае резултатот од мечот. Изјавата на Качар може да ја слушнете тука.

- Оглас -

Најнови вести