Мега скандал: уапсен претседател на македонски прволигаш, криумчарел злато во Турција!

Турски медиуми објавија голем скандал во кој се наведува дека македонски државјанин, претседател на македонски фудбалски прволигаш, бил уапсен поради криумчарење на злато.

Според информациите кои ги објавија турските медиуми, лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24-ти март. Полицијата нашла злато со тежина од 2 килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.

Против осомниченото лице се поднесени судски постапки.

 

- Оглас -

Најнови вести