Мегваер е „челичен човек“, никој не одиграл повеќе минути од него во 2020 година

Годината која ќе остане запамтена како една од најтешките во историјата на фудбалот полека заминува. Пандемијата на корона-вирусот направи тектонски поместувања во најважната споредна работа во светот. Беа одложени многу мечеви, Европското првенство се помести за следната година, навивачите веќе ги нема на трибините…

По неколкумесечната пауза, фудбалерите се вратија на теренот, а потоа продолжја во жестоко темпо да играат на неколку дена. Според направените пресметки, капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, е играчот кој поминал најдолго време на теренот во 2020 година.

Тој одиграл дури 4.745 минути за Црвените ѓаволи и е далеку пред останатите. На второто место е Робен Дијас од Манчестер сити, кој во 2020 година беше дел и од тимот на Бенфика. Тој одигра 4.344 минути. На третото место на листата е Лионел Меси со 4.239 одиграни минути, а во Топ 10 има место и за Бруно Дијас (4.164 одиграни минути), Бруно Пачеко (4.162), Ромелу Лукаку (4.144), Виктор Линделоф (4.142), Рафаел Варан (4.123), Хесус Навас (4.110) и Калум Мекрегор со 4.106 минути поминати на теренот во 2020 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести