Мегваер го извади лошиот Манчестер јунајтед на „Кероу роуд“ (Видео)

Хари Мегваер одлично се снајде во последните моменти од второто продолжение и со гол за победа од 2:1 против Норич го одведе Манчестер јунајтед во полуфиналето на ФА купот.

Најскапиот стопер во Премиерлигата беше критикуван за слабите изданија, но сега е јунак на Црвените ѓаволи. Одлично се снајде во 118. минута и со удар во пад ја затресе мрежата на Тим Крул за конечен триумф.

https://twitter.com/ManUnitedZone_/status/1276954935347810304?s=20

Претходно Игало погоди за Манчестер јунајтед, а Кантвел израмни за продолженија од двапати по 15 минути. Норич од 89. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Тим Клосе.

Утре се играат останатите три четвртфиналиња меѓу Лестер и Челзи, Њукасл и Манчестер сити и Шевилф јунајтед со Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести