Мегваер не ни помислува да си оди од Манчестер јунајтед

Шпекулациите дека Челзи сака да го купи Хари Мегваер остануваат само шпекулации, капитенот на Манчестер јунајтед е решен да остане во клубот.

И Црвените ѓаволи не биле заинтересирани да го продадат Мегваер, но веројатно и не добиле задоволувачка понуда од лондонските Сини, на кои приоритет како засилување во одбраната им е Весли Фофана од Лестер.

Мегваер викендов седеше на клупата за резерви и гледаше како тандемот централни дефанзивци, Рафаел Варан и Лисандро Мартинес, играат добро против Ливерпул. Сепак, Англичанецот не е обесхрабрен и верува дека повторно може да биде стартер.

- Оглас -

Најнови вести