Мегваер одговори на критиките: Ако сум лош играч, немаше да играм на секој меч кај двајца тренери

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, и на синоќешното дерби против Ливерпул не беше на нивото на задачата, па не е чудно што Црвените ѓаволи загубија убедливо со 4:0.

Најскапиот стопер во историјата на фудбалот кој во 2019 година во Манчестер дојде од Лестер за сума од 80 милиони фунти, непосредно пред дербито на „Енфилд роуд“ даде изјава во која е уверен дека е добар играч, а објасни и зошто е тоа така.

„Точно е дека имав неколку лоши мечеви сезонава, но ако бев лош играч, сигурно немаше да играм на секој меч кај двајца тренери. Сигурно постои причина зошто на секој меч сум во стартниот тим. Но, јасно е дека сум капитен на клубот, дека чинам многу пари и кога работите не одат добро и примаме многу голови, јас ќе бидам критикуван“, рече Мегваер.

Според капитенот на Манчестер, главна причина за лошите реултати е тоа што екипата не е избалансирана.

„Некогаш играме добро во одбраната, а нападот не функционира добро. Некогаш е обратно. Имаме добри играчи, но тоа не значи дека имаме добра екипа. Тоа се покажува и на местото на кое се наоѓаме на табелата“, објасни Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести