Мегваер покажа дека нема крај на неговите глупости

Хари Мегваер сезонава постојано е подложен на критики поради слабите игри во дресот на Манчестер јунајтед, но менаџерот на Црвените ѓаволи уште има доверба во него. Капитенот на Манчестер на денешниот меч против Ватфорд направи нова глупост која го чинеше исклучување во 70 минута.

Играчот кој треба да биде лидер на теренот за Манчестер, во неполни осум минути доби два жолти картони што автоматски значеше негово исклучување. Најпрво Мегваер мораше да го го сопре противникот кој му избега и доби жолт картон во 62 минута, за да осум минути подоцна, стоперот на гостите сакаше да дрибла и ја загуби топката.

За да не се создаде шанса за гол на гостите, Мегваер остро стартуваше и доби втор жолт картон, односно исклучување, оставајќи ги на цедило своите соиграчи во последните 20-тина минути при негатива од 1:2.

- Оглас -

Најнови вести