Мегваер се пофали: Мојата улога во Манчестер јунајтед е многу важна

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, по подолго време одигра одличен меч. Тој повторно ја имаше капитенската лента и беше вистински предводник на тимот на гостувањето кај Бетис во победата од 1:0. Мегваер беше безгрешен во дефанзивата и на крајот беше најдобро оценет фудбалер на теренот.

По мечот, Мегваер беше задоволен од покажаното на теренот и не штедеше зборови самиот да си се пофали.

„Мојата улога во Манчестер јунајтед е многу важна, без разлика дали сум на теренот или сум надвор од него. Секој ден се обидувам да придонесам за нов успех на екипата, без разлика дали играм или не. Напорно работам на секој тренинг и фокусиран сум само на тимот. Нема поминато многу време од мојот последен меч што го одиграв. По завршувањето на Светското првенство бев стартер на пет, шест, седум меча. Секако дека сакам да играм повеќе“, рече Мегваер по триумфот на Манчестер јунајтед во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести