Мегваер се посрамоти уште пред да излезе на теренот против Брајтон (Видео)

Манчестер јунајтед очајно ја започна сезоната откако во првото коло на свој терен загуби од Брајтон со 1:2. Црвените ѓаволи со овој пораз продолжија со очајните резултати кои ги имаа на крајот од претходната сезона, а одбраната останува најслаб дел од тимот.

Најскапиот дефанзивец во историјата, Хари Мегваер, ја има капитенската лента, но со покажаните игри далеку од тоа дека делува како предводник на теренот. Мегваер и против Брајтон одигра слабо, а тоа што е поинтересно е дека дефанзивецот се посрамоти уште пред да излезе на теренот во првиот меч.

Додека двата тима се местеа во тунелот за да излезат на теренот, Мегваер застана на погрешната страна и воопшто не ни забележа дека греши. За среќа, голманот Давид де Хеа беше тука да му сугерира дека капитенот ја има погрешено страната, па навремено беше направена замената.

https://twitter.com/i/status/1556727516055932928

Како една од причините за збунетоста на Мегваер се наведува фактот дека новиот тренер Ерик тен Хаг реши да ја смени клупата за домаќините. Манчестер јунајтед сега како домаќин ќе ја има страната западно од центарот, каде што претходно седеа гостите.

Тоа значи дека играчите на Манчестер сега ќе бидат поблиску до прославената „Стретфорд енд трибина“, каде што се најверните фанови на Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести