Мегваер со последната изјава им даде причина на навивачите да тераат мајтап со него

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, смета дека заслужува да биде дел од првиот тим на Црвените ѓаволи и на англиската репрезентација иако во последните години стана мета на потсмев кај навивачите поради честите киксеви.

Мегваер сезонава одигра само 11 натпревари за Манчестер јунајтед, бидејќи менаџерот Ерик тен Хаг предност им дава на Рафаел Варан и Лисандро Мартинес, а тој најчесто влегува од клупата за резервни играчи.

Но, и покрај малата минутажа сезонава, Мегваер е стандарден во англиската репрезентација и беше дел од Гордиот Албион кој во четвртокот со 2:1 ја совлада Италија и тоа во Неапол.

„Верувам дека можеме да триумфираме на следното ЕП. Ако не ја освоиме титулата, тоа ќе биде неуспех. Досега бев на три големи натпреварувања и дојдов многу блиску до трофејот. Мислам дека одигравме многу добро на СП во Катар, но на крајот испаднавме од Франција. Имаме доста млади и талентирани фудбалери. Што се однесува до мене, сакам да играм на секој натпревар за Манчестер јунајтед и за репрезентацијата. Се чувствувам доволно добар за да играм на високо ниво и тоа го докажав во последните пет, шест години“, рече Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести