Мејведер хомофоб? Одби селфи со фан кој има лакирани нокти (Видео)

Боксерската легенда Флојд Мејведер се најде на удар на критики по социјалните мрежи откако одби да се фотографира со момче кое имало излакирани нокти. Оваа случка се случи за време на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес на којшто играа Клиперс и Мемфис гризлис.

„Имаш излакирани нокти, не се сликам со такви ликови“, му порача Мејведер на момчето, па сега го обвинуваат за хомофобија.

Од ПР тимот на Мејведер велат дека тој не одбил да се слика, туку брзал да си замине од салата. Во 2017 година Мејведер јавно му се извини на Конор Мекрегор, кого го нарече пе.ер.

- Оглас -

Најнови вести