Легендарниот боксер Флојд Мејведер викендов повторно ќе се врати во рингот. Го чека меч против јутјуберот Логан Пол, кој не е професионален боксер, но поради популарноста, влезе во рингот и сега ќе се бори против еден од најдобрите на сите времиња.
За овој меч, 44-годишниот Мејведер ќе заработи околу 100 милиони долари. Токму парите се главна причина поради која Мејведер реши повторно да боксува.
„Прекарот ‘Пари’ не го носам за џабе. Со години напорно работев за да стигнам до ова ниво. Сега верувам во паметна работа, а не во напорна. Ако нешто е лесно како што ќе биде борбата против Пол, тоа е како легален грабеж на банка. Едноставно, морам да го направам“, вели Мејведер.
View this post on Instagram
За разлика од Мејведер, јутјуберот Пол е убеден дека ќе го победи славниот боксер.
„Ќе го нокаутирам и ќе станам најголемиот боксер во светот. Потоа ќе се повлечам и нема да му дадам шанса за реванш. Не знае во што се впушта. Тој верува дека сум само јутјубер и лажен боксер, но тоа што ме потценува, многу ќе го чини“, вели Логан.