Мејведер се повлече од боксот, но не и од тепањето

Еден од најголемите боксери во 21 век, Флојд Мејведер, се повлече од боксот пред неколку дена. Непоразениот светски првак инсистираше дека здравјето му е поважно од тоа да заработува огромни суми борејќи се во ринг, меѓутоа со неговата нова најава на социјалните мрежи, Мејведер сака да каже дека не целосно завршил со тепањето.

Имено, славниот Американец потврди дека преговара со претседателот на УФЦ Дејна Вајт, околу организирање на спектакл во мешани боречки вештини кој би требало да се случи идната година. Инаку познат и како шоумен, Мејведер направи огромен профит со ревијалните борби против ММА супер-ѕвездата Конор Мекгрегор, како и кик-бокс сензацијата Теншина Насукаве.

„Дејна и јас соработуваме да му подариме на светот уште еден УФЦ спектакл во 2020 година“, напиша Мејведер на „Инстаграм“ со објавената фотографија како седи до Вајт на кошаркарски натпревар на Бостон селтикс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести