Мејведер си играше со јутјуберот како „мачка со глушец“, на крајот судијата имаше милост и ја прекина борбата (Видео)

Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер наскоро ќе наполни 46 години, но продолжува со шоуто во рингот. Мејведер, кој ја заврши професионалната кариера со перфектен биланс од 50 победи и ниту еден пораз, сега учествува во егзибициски борби и повторно прави шоу.

Мејведер овојпат влезе во рингот за да се бори со популарниот јутјубер Дејли Олатунџи и прославениот борец буквално како сам да реши дека оваа борба ќе трае шест рунди, а потоа реши со неколку силни удари да го нападне противникот, по што мораше да реагира судијата и да ја прекине борбата.

Мејведер во првите пет рунди приреди вистинско шоу за публиката. Танцуваше во рингот, а со противникот си играше како да е игра на „мачка со глушец“. Едноставно, јутјуберот не беше дораснат за му парира на 46-годишниот борец.

https://twitter.com/i/status/1591913776714072064

- Оглас -

Најнови вести