Мекгрегор до Гејтџи: Од твоите заби ќе си направам ѓердан!

Ирскиот борец Конор Мекгрегор испрати сериозни закани до привремениот УФЦ шампион Џастин Гејтџи, кој викендов го победи Тони Фергусон. Непријателството на Мекгрегор кон Гејтџи датира од лани, кога преку „Твитер“ Американецот за Конор рече дека е „ништо“ од човек, татко и маж.

„Твоите заби. Ќе ги наредам на мојот кралски ѓердан. Ти си крал кој е мртов. Никогаш не кажувај дека ја претставуваш големата нација САД. Вистински Американец нема џихадистички терорист за агент“, му порача Мекгрегор на Американецот.

Џастин по победата над Фергусон рече дека сака да се бори со Хабиб Нурмагомедов во битка за вистинската титула во лесна категорија, но како што стојат работите, веројатно повеќе пари би му донела пресметка со Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести