Мекгрегор со рамо го претепа противникот, Американецот се чудеше (Видео)

По повеќе од една година пауза, Конор Мекгрегор се врати во рингот и тоа на спектакуларен начин. Ирскиот борец по само 40 секунди успеа да го нокаутира Доналд Сероне. Иако противникот беше повисок и делуваше подготвено да се спротистави на Ирецот, Конор покажа неверојатна моќ.

Од самиот почеток на борбата, Конор тргна силовито во напад, а изненадување е тоа што успеа неколку пати со рамото да го удри противникот, што беше доволно да го зашемети, за потоа да настапи хај-кик ударот кој беше клучен за победата.

„Никогаш досега немам видено нешто такво.Почна да ме удира со рамото и ме зашемети. Бев дезорјентиран. Потоа се врати чекор наназад и ме удри со ногата во глава. И покрај поразот, јас го сакам овој спорт и нема да се откажам“, рече поразениот Доланд кој по мечот заврши во болница.

И самиот Мекгрегор не можеше, а да не ги спомене ударите со рамото. „Ударите со рамото беа одличен напад. Се чувствувам одлично“, рече Мекгрегор.

Целата борба од дуелот меѓу Мекгрегор и Сероне може да ја видите ТУКА.

Ирецот посакува следниот меч да му биде против Хабиб Нурмагомедов од кого загуби во октомври 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести