Мекиќ и Задар тешко настрадаа на гостувањето кај Црвена Ѕвезда

Црвена ѕвезда го разби Задар со 93-54 во дуел од регионалната АБА лига, и остана на врвот на табелата со две победи повеќе од вториот Будуќност.

Евролигашите од Белград вечерва немаа милост. Откако Партизан со 46 поени разлика ја уништи Игокеа, Ѕвезда славеше со +39 против Задар, иако можеше гостите да поминат и многу полошо, откако по првото полувреме Ѕвезда беше на плус од 31 разлика, но во второто малку олабавија и ги штедеа силите.

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, имаше скромен учинок од 1 поен и една асистенција за 12 ипол минути игра.

- Оглас -

Најнови вести