Менаџерот на Лестер го победил корона-вирусот уште во март, а сега откри како се одвивала битката

Микел Артета уште во средната на март се бореше против корона-вирусот, но предводникот на Арсенал не бил единствен менаџер кој се заразил со опасниот вирус. Истиот месец животна битка водел и Брендан Роџерс, менаџерот на Лестер, кој дури сега открива како се одвивала битката со Ковид-19, а може да се потврди дека поминал потешко од неговиот шпански колега.

„Едвај се движев и речиси да не можев да земам здив. Се чуствував како повторно да се искачувам на Килиманџаро, што повисоко одиш тоа е потешко да дишеш. Цели три недели немав сила за ништо, не ми функционираа чувствата за мирис и вкус. И мојата сопруга мина низ истите потешкотии како и јас“, истакна Роџерс за „Би-Би-Си“.

Роџерс во 2011 година бил дел од хуманитарна експедиција која се искачила до врвот на планината Килиманџаро во Танзанија.

- Оглас -

Најнови вести