Менди е причината што Челзи е поблиску до финалето (видео)

Едуар Менди е „виновникот“ што Карим Бензема досега двапати не се израдува на погодок против Челзи во реваншот. Сенегалскиот голман со две фантастични интервенции на шутеви на Бензема го одржува лондонскиот клуб во игра.

Само две минути пред водечкиот гол на Вернер, Менди со одлична парада го скроти незгодниот шут на Бензема, а потоа уште еднаш одлично реагираше при ударот со глава на францускиот голгетер.

Челзи води на полувремето со 1-0, односно вкупниот резултат е 2-1 во корист на Сините, со кој се поблиску до финалето во Истанбул.

https://streamable.com/qo5fqz

https://streamable.com/y9h2pk

- Оглас -

Најнови вести